Институтот на директори во Македонија е посветен на создавање позитивно влијание во економското и општественото окружување преку промовирање на професионално директорување и добро владеење.
Визија
Да биде препознаен, и во национални рамки и интернационално, како еминентна професиоиална институција за одборите на директори и нивните членови
Мисија
Институтот на директори се грижи за достојно почитување на функцијата директор и заштита на интересите на македонските директори преку унапредување на нивниот професионализам, стручност и статус, како и за подобрување на деловното окружување преку промовирање на одличноста во корпоративното управување и помош и поддршка на директорите во остварувањето на нивните функции.
Во фокусот на активностите на Институтот на директори ќе биде поддршката на одборите на директори и надзорните одбори во додавањето на вредност во носењето на стратегиски одлуки во друштвата и другите правни лица.
Концепт
Под поим директор се подразбира овластено лице кое ги заштитува интересите на друштвата и другите правни лица и нивните конституенти (заинтересирани страни).
Овој поим вклучува, но не е ограничен на членови на одбори на директори, на надзорни одбори и на управни одбори.