Обуки

Институтот на директори, во соработка со одделот за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), дел од групацијата на Светска Банка, во декември 2012 година оформи програма за обука од различни области на корпоративното управување наменета за членовите на Одборите на директори како и за високиот и средниот менаџмент во компаниите. Програмата е структуирана врз база на светски стандарди во оваа област и на учесниците им овозможува да стекнат познавања од одделните аспекти на корпоративното управување, како што се прашањата поврзани со структуирањето и функционирањето на одборите, обврски и должности на директорите, стратегиското лидерство, корпоративните финансии и прашањата на планирање и спроведување на промени.

Програмата која ја нуди Институтот се состои од 17 модули од кои секој е во траење од 3 часа. По завршување на предавањата, учесниците добиваат сертификати дека ја имаат завршено целата програма (Ниво 3), или пак сертфикати само за определени модули кои сами ќе ги избeрат во зависност од нивниот интерес (Ниво 1, 8 модули и Ниво 2, 12 модули).

Обуките се интерактивни и учесниците се стекнуваат со информации и вештини кои се потребни во секојдневното работење. Обуката е организирана и ќе биде имплементирана од реномирани обучувачи, познавачи на материјата, докажани експерти од академската заедница но и експерти од бизнис заедницата. Некои од нив се:

  • Проф. Д-р Горан Коевски - професор на Правниот факултет и член на управниот одбор на Инситутот
  • м-р Или Марку - претседател на Собранието на Институтот, и член на неколку одбори на финансиски институции во Македонија и во регионот
  • Верица Хаџи Василева-Марковска - Член на управниот одбор на Институтот, и член на Советот за ревизија при Министерството за финансии и поранешен член на Советот на Народна Банка на Република Македонија
  • Д-р Перо Моцан – Главен извршен директор на Сковин АД Скопје
  • м-р Весна Паункоска – Советник за правни и корпоративни работи на главниот извршен директор и одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје
  • м-р Димитар Серафимов – Раководител на одеелот за управување со ризици во Македонски Телеком
  • м-р Иван Мишев – Правен советник во PwC
  • м-р Васко Пејков – Самостоен советник во Комисија за хартии од вредност на Република Македонија
  • м-р Искра Ивановска Стојановска - магистер по економски науки-корпоративно управување и самостоен советник во Дирекцијата за теренска супервизија во Народната банка на Република Македонија