Институтот на директори се залага за промовирање и почитување на следните основни вредности:

  1. Интегритет
  2. Професионализам
  3. Почитување на интересите на друштвата и други правни лица и нивните конституенти (заинтересирани страни)

Со цел да може да ја остварува својата мисија, Институтот на директори бара од своите членови при остварувањето на функцијата директор да се придржуваат кон етички правила на однесување.

Тие правила се сумирани во следниот Kодекс на однесување:

  • Директорот мора да работи чесно, во добра вера и во најдобар интерес на друштвото како целина.
  • При остварувањето на својата функција и извршувањето на дадените овластувања, Директорот мора да постапува и истапува со должно внимание.
  • Директорот мора да ги врши дадените овластувања во вистински цели кои се од најдобар интерес за друштвото, во интерес на сите акционери, но, кога е соодветно, тој треба да се грижи за интересите на сите други заинтересирани страни на друштвото.
  • Директорот не смее да ги злоупотребува информациите до кои дошол при вршењето на функцијата.
  • Директорот не смее да ја злоупотребува и да извлекува лични користи од позицијата која ја има како директор.
  • Директорот не смее да дозволи неговите лични интереси или интересите на негови блиски лица да бидат во спротивност со интересите на друштвото.
  • Директорот е должен да биде независен во своето расудување и активности, како и да презема разумни чекори кои водат кон донесување на здрави одлуки на одборот на директори.
  • Доверливите информации до кои дошол директорот при практицирање на своите должности, остануваат во сопственост на друштвото и тој не смее да ги обелодени или да дозволи тие да бидат обелоденети од друг, освен ако тоа обелоденување не е дозволено од друштвото или од лицето од кое е добиена информацијата, или ако тоа се бара согласно закон.
  • Директорот не смее да се однесува на начин кој ќе влијае на дискредитирање на друштвото.
  • Директорот има обврска постојано да го почитува духот и словото на законите и начелата на овој Кодекс.