Институтот на директори стана придружна членка на ecoDa во јули 2012 година.


Европската конфедерација на асоцијации на директори, ecoDa, е непрофитна асоцијација со седиште во Брисел и е формирана во март 2005 година како „Европски глас на директорите“. Преку националните институти на директори (главните национални институти кои постојат во Европа), ecoDa претставува околу 55.000 членови на одбори од ЕУ земјите.

Мисијата на ecoDa е да промовира добро корпоративно управување и да ја унапредува ефективноста на одборот на директори и/или надзорните одбори, преку влијание врз јавните политики на ниво на ЕУ и преку промовирање на соодветен тренинг за директорите, професионален развој и добри практики на одборите.

Членството во ecoDa вклучува полноправни членки, придружни членки, корпоративни соработници и научни соработници.


Полноправните членки се следните национални институти на директори:

     • Institute of Directors, IoD, United Kingdom

     • Institut Français des Administrateurs, IFA, France

     • GUBERNA, Belgium

     • Institut Luxembourgeois des Administrateurs, ILA, Luxembourg

     • The Directors’ Institute of Finland, Finland

     • Instituto de Consejeros – Administradores, IC-A, Spain

     • The Slovenian Directors' Association, Slovenia

     • The Polish Institute of Directors, Polski Instytut Dyrektorów, Poland

     • The Norwegian Institute of Directors (Norsk Institutt for Styremedlemmer), Norway

     • The Swedish Academy of Board Directors (StyrelseAkademien) Sweden

     • The German Directors' Association (Vereinigung der Aufsichtsrate in Deutschland e.V., VARD) Germany

     • The Dutch Institute of Directors (Nederlandse vereniging van Commissarissen en Directeuren, NCD) the Netherlands


Придружните членки се асоцијации на директори формирани надвор од законската рамка на земјите членки на ЕУ или европската економска зона или непрофитни асоцијации на професионалци кои допринесуваат во работењето на директорите на компаниите. Придружни членки се:

     • The Croatian Institute of Directors, HUCNO, Croatia

     • The Macedonian Institute of Directors

     • The British Institute of Chartered Secretaries and Administrators, ICSA, United Kingdom

     • The European Confederation of Institutes of Internal Auditing (ECIIA)

     • The Institute of Business Ethics (IBE)

     • The Association "Femmes diplômées d'expertise comptable Administrateurs"AFECA 

 

Корпоративните соработници се фирми кои ги почитуваа целите на ecoDa, придонесуваат во ecoDa во финансиска смисла и се вклучени во работењето на ecoDa.


Моментални корпоративни соработници се:

     • The Danish Board Network

     • The Audit Committee Institutes’ network of the KPMG member firms in Europe

     • GermanBoardRoom

 

Научен соработник на ecoDa е:

     - The Canadian « Collège des Administrateurs de Sociétés/Laval University

 

Контакт детали

ecoDa- The European Confederation of Directors' Associations
The European Voice of Directors 
Avenue des Arts, 41 
B-1000 Brussels 
Phone: 0032 2 231 58 11 
fax: 0032 2 231 58 31 
http://www.ecoda.org