Членство

Институтот на Директори нуди два типа на членство, индивидуално и корпоративно членство. На своите индивидуални членови, Институтот им нуди различни услуги меѓу кои:

  • Учествува во процесот на донесување прописи врзани со професијата
  • Организира обуки и пренесува знаење
  • Организира настани, професионални средби, работилници и конференции
  • Го оценува работењето на одборите на директори
  • Обезбедува едноставни совети
  • Одржува Регистер на директори
  • Издава брошури, списанија и прирачници
  • Ја подигнува јавната свест
  • Креира и развива проекти
  • Спроведува истражувања и анализи

Годишниот надомест за индивидуално членство изнесува 3.000 денари.

Корпоративното членство во Институтот им нуди можност на компаниите да им овозможат на сите свои вработени пристап до активностите на Институтот и да ги уживаат сите права како и индивидуалните членови во Институтот. Преку корпоративното членство, сите членови на одборите на компанијата стануваат членки на Институтот а вработените можат да ги користат бенефициите кои ги нуди Институтот. Ова им овозможува да добиваат едноставни совети од нашите експерти од различни области, да имаат пристап до нашите брошури, книги и прирачници, да ги добиваат најновите информации поврзани со корпоративното управување од Европа и пошироко кое е овозможено преку членството во ecoDa, како и да имаат право на попуст на сите обуки, работилници и конференции кои Институтот ги организира и да присуствиваат на сите настани кои Институтот ги организира.

Преку корпоративното членство, компаниите имаат можност да се претстават пред членовите на Институтот како и нивното корпоративно лого да биде промовирано на официјалната интернет страна на Институтот во текот на целата година.

Преку корпоративното членство, компаниите имаат можност да се претстават пред членовите на Институтот како и нивното корпоративно лого да биде промовирано на официјалната интернет страна на Институтот во текот на целата година.

Посебна придобивка за компаниите со корпоративното членство е Прегледот за корпоративно управување (Corporate Governance Review - CGR) кое Институтот би го спровел во компанијата.

Годишниот надомест за корпоративното членство изнесува 30.000 денари.