Новости

  • Се информираат сите членови на Здружението - Институт на Директори Скопје дека на ден 14.05.2013 година, во просториите на М6 Едукативен центар, на ул. 810 бб Скопје, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи редовното Годишно собрание на Здружението - Институт на директори Скопје.
  • На 21.06.2012 година (четврток), во 10:30, во хотелот Холидеј Ин (Сала Милениум 2) во Скопје, IFC и Институт на директори - Скопје Ве покануваат на работилницата "Силни одбори за квалитетно управување со ризици". На работилницата ќе бидат претставени можностите за поддршка што IFC ги нуди за македонските компании, како и конкретни алатки за подобрување на улогата на одборите на директори во управувањето со ризици. Поканата за настанот можете да ја преземете тука
  • На 16.05.2012 година, во просториите на М6 Едукативен центар, на ул. 810 бб Скопје, се одржа редовното Годишно собрание на Здружението - Институт на директори - Скопје. На седницата беа усвоени редовните годишни извештаи, завршната сметка на здружението како и програмата за работа за 2012 година. Годишниот извештај за работата на Здружението - Институт на директори - Скопје за 2011 година, можете да го преземете тука.  
  • На ден 16.05.2012 година, во просториите на М6 Едукативен центар, на ул. 810 бб Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи редовното Годишно собрание на Институт на директори - Скопје. Поканата за настанот можете да ја преземете тука 

  • Работилници на тема: Проценка на капитални инвестиции со м-р Дејан Калиников и Заштита на правата од интелектуална сопственост во индустријата за храна и за пијалоци (алкохолни и безалкохолни) со д-р Валентин Пепељугоски. Време: 16 мај (среда) од 13:00 до 17:00 часот во М6 Едукативен центар во Скопје.   
  • Работилница на тема: Казнено-правни аспекти на одговорноста на одговорното лице во правно лице. Време: 12 декември (понеделник) од 09:00 до 14:00 часот во хотелот Холидеј Ин.

  • На ден 29.03.2011 година во просториите на М6 Едукативен центар на ул.810 бб, со почеток во 12:00 часот, се одржа Собрание на Здружението на граѓани - Институт на директори - Скопје. На Собранието беше презентирана Завршната сметка на здружението и по дискусијата таа беше едногласно усвоена. Извешрајот можете да го преземете тука

  • На 7 октомври 2010 година се одржа првото редовно годишно Собрание на ИОД во Едукативниот центар М6 во Скопје. На ова Собрание беше усвоен Годишниот извештај за работа на Собранието.
    - Преземете го Годишниот извештај
    - Погледнете ја галеријата со фотографии од Собранието

  • На 23 септември 2010 година во Љубљана се одржа редовната годишна конференција за корпоративно управување во организација на Асоцијацијата на членовите на надзорните одбори на Република Словенија. На оваа конференција се претстави и ИОД од Македонија.

  • Институтот на директори и Проектот за корпоративно управување одржаа средби со повеќе компании поврзано со поддршката што овие организации ја дават на компаниите во процесот на воведувањето на внатрешната ревизија.

Активности


  • Почитувани,
    Институтот на Директори во соработка со Центарот за развој на бизнисот – УЈИЕ а поддржано од Меѓународната финансиска корпорација, дел од групацијата на Светска Банка, на 10 мај 2014 година започнува нов циклус на обуки за Корпоративно управување. Повеќе информации може да го најдете тука. Пријавата за учество може да ја погледнете тука.
  • Институтот на директори во соработка со Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светска банка, СЕКО-Секретаријат за економски прашања на Швајцарија и Македонската берза АД Скопје ја организираше работилницата „Што значи и што ќе донесе задолжителната котација?“ што се одржа во Скопје на 25.04.2013 година. Соопштението за јавност може да го погледнете на следниот линк.
  • Институтот на Директори на Македонија започна со редовни обуки за Корпоративно Управување. Повеќе информации може да добиете тука
  • Во декември 2011 објавено е новото обновено издание на Прирачникот за корпоративно управување, а во соработка со Македонска берза и Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2011 година

  • Работилница на тема: Казнено-правни аспекти на одговорноста на одговорното лице во правно лице. Време: 12 декември (понеделник) од 09:00 до 14:00 часот во хотелот Холидеј Ин. 

  • Програмата за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), поддржана од Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) и Институтот на Директори на Македонија (ИОД) на 22 јуни 2010 година во Хотелот Стоун Бриџ во Скопје организираше работен ручек на тема „Новата улога на жените директори“. Анализата презентирана на овој настан, можете да ја преземете тука.

  • ИОД заедно со Програмата за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), поддржана од Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) а во соработка со Меѓународниот институт за развој на менаџментот (ИМД) на 1 декември 2009 година.

  • ИОД заедно со Програмата за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), поддржана од Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) а во соработка со Меѓународниот институт за развој на менаџментот (ИМД) на 1 декември 2009 година.